Град Скопје: По 50.000 денари за граѓаните од Шуто Оризари чии домови настрадаа во пожарите

Почитувани господа од СДСМ, нам не ни треба потсетување за да ја завршиме работата и да им помогнеме на сите жители на градот Скопје, без притоа да се фалиме за тоа, се вели во реакцијата од Град Скопје.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека денеска во 11 часот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се сретна со граѓаните чии домови настрадаа во пожарите што изминативе денови избувнаа во Шуто Оризари. На состанокот присуствуваа и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Амди Бајрам, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам и заменикот-министер за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими. Како што беше договорено на состанокот, на терен веднаш беа испратени екипи на ЈП „Комунална хигиена“ кои се погрижија да се расчисти штетата од огнената стихија, стои во реакцијата од Град Скопје.

На овој состанок, се додава во реакцијата, беше договорено и оштетените граѓани до утре да ја достават потребната документација, за најдоцна до четврток на опожарените во Шуто Оризари да им бидат префрлени по 50.000 денари, како помош.

 
 
25.01.2016 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега