ПССЕ ги потврди изборите на 24 април - избрана мониторинг мисијата

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска на првиот ден од редовната зимска сесија во Стразбур ја избра својата мониторинг мисија за парламентарните избори во Македонија на 24 април, пренесе МИА.

Како што се наведува во документот, изборите во Македонија на 24 април ќе ги набљудуваат 20 членови на ПССЕ предводени од Стефан Шенах, досегашен претседател на Мониторинг комитетот.

По ОДИХР, оваа се смета за најзначајна мисија за набљудување избори во Европа. ОДИХР ги следеше и минатите избори кои позитивно ги оцени, за демократски и фер.

Инаку, денеска за нов претседател на ПС на Совет на Европа е избран Педро Аграмунт од Шпанија, пријател на Македонија во СЕ, кој ќе има мандат од две години.

 
 
25.01.2016 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега