Се заклучиле и 10 дена не излегувале од дома за соседите да мислат дека се на одмор

 
Семејството на Неделко Ачимовиќ од Бања Лука се заклучило во станот за соседите да мислат дека заминале на одмор, пишува српскиот Курир.
 
Сепак, лагата на семејството ја забележал еден сосед, кога постариот син на Неделко, Милош, доцна во ноќта излегол да го фрли ѓубрето.
 
-Се зачудив затоа што рекоа дека одат во Грција на море, а мене ме задолжија да им го чувам станот, затоа што нема да бидат тука 15 дена. Почекав да се врати Милош за да го прашам зошто се вратиле порано. Тогаш открив дека блефираат, туку дека купиле се што им треба, ги затемниле прозорите и се заклучиле во станот- вели соседот.
  
-Ни беше срам, затоа што секоја година одевме на одмор, барем во Хрватска или Црна Гора, а понекогаш и во Грција. Меѓутоа, оваа година поради лошата финансиска состојба не можевме да си дозволиме одмор, а соседството е такво што веднаш ќе ни се смеат. Гледате како не издаде соседот во јавноста. Е дај Боже тој да летува на
клиничкиот центар Папирковац- луто раскажува Неделко.
 
 

најчитано сега