ВИДЕО: Владимир Путин среде ноќ разбуди 160.000 војници и нареди акција

 

Претседателот на Русија Владимир Путин викендов во текот на ноќта дигна 160.000 војници, активираше илјадници тенкови, 130 воени авиони, хеликоптер и 70 бродовои и така неочекувано ја започна една од најголемите воени вежби уште од советското време. Како што пренесуваат телевизиите, министерот за одбрана Сергеј Шојга во ноќта во саботата околу еден часот по полноќ доби наредба да ја провери борбената подготвеност на источната команда, во склоп која делува со силите на рускиот далечен исток и Трансбајкалската регија. По кратко време наредбата за вежбата ја добија челни луѓе на источната команда кои немале појма што се случувало, но затоа веднаш дигнаа 160.000 луѓе кои брзо тргнаа во акција. 

Главната цел на овие активности е проверката на подготвеност на воените единици за извршување на задачите и проверката на увежбаноста и техничката подготвеност на воените лица. 

 

 

 

 

најчитано сега