Седмо продолжение на 85. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница.

На дневен ред се Предлог - законот за дополнување на Законот за одбрана по скратена постапка, Предлог - законот за медицинските сестри и акушерките во прво читање, предлог-дополнувањата на законите за градење и за градежно земјиште во прво читање, како и неколку барања за давање автентични толкувања. 

Пред пратенците се и Предлог - законот за урбано зеленило поднесен од Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова Каревска и Павле Трајанов, предлог - законите за изменување на Законот за заштита од пушењето, за дополнување на Законот за административни службеници, за изменување и дополнување на Законот за буџетите, за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, како и Предло-законот за материјално обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, поднесени од групои пратеници и сите во прво читање.

 
 
25.01.2016 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега