УМС на ВМРО-ДПМНЕ презентираа проекти пред младите од Карпош

На вчерашната трибина која се одржа во Драмскиот театар во општина Карпош, свое обраќање имаше и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Тој пред жителите на општина Карпош истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во неполни 2 месеца промовираше неколку проекти од кои што младите веќе имаа бенефит.

Едниот од тие проекти е слободен превоз, проект најавен на почетокот на декември кој почна да се реализира од 1.1.2016 години, и според нашите информации само од ЈСП Скопје, за само 20 дена е искористен од страна на 8554 студенти, кои извадиле студенстки картички. Оваа бројка покажува дека заинтересираноста е огромна и е од голем бенефит за студентите, посочи Нелоски

Еден од проектите кој ги посочи Нелоски е и средношколска среда преку која средношколците на 27.01.2016 година во Драмскиот театар ќе можат бесплатно да ја погледнат преставата “Последните Македонци” . Воедно и студентите ќе можат идниот четврток да ја гледаат предпремиерата на претставата “ЈОВ” што е исто така дел од проектите кои претходно беа најавени за младите.

Во своето излагање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ исто така ги презентираше и новите 5 проекти кои, пред неколку дена беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се слободен железнички сообраќај, 50 перални и сушални во студентските домови, фитнес зони, обуки за странски јазици и ИТ и читални во 3 општини во Македонија.

Бидејќи на територијата на општина Карпош има 2 универзитети и повеќе факултети, Нелоски изрази надеж дека и општина Карпош ќе добие современа читална, како што се најавија во 3-те општини, Аеродром, Струмица и Велес.

 
 
22.01.2016 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега