Не очекува сончев, но студен викенд - од вторник зголемување на температурите

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и студено.

Температурата ќе се движи од минус еден до минус 10, а дневната од еден до три степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со температура до еден степен.

За време на викендот ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени.

Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има локален снег со слаб интензитет.

Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури.

 
 
22.01.2016 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега