Пуштено во употреба двојно тениско игралиште во штипската населба Сењак

Двојно тениско игралиште дел од владиниот проект за изградба на 120 тениски игралишта што го спроведува Агенцијата за млади и спорт предадено е денеска во употреба во населбата Сењак во Штип.

На свеченоста меѓу другите присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а се обрати директорот на АМС Марјан Спасески.

Тој истакна дека спортот има моќ да ги обединува луѓето, а особено младите ги учи на фер игра и почит кон противникот, за негов развој неопходна е спортска инфраструктура.

– Токму затоа Владата предводена во изминатиот период од Никола Груевски реализираше низа проекти низ целата држава. Ако до пред десетина години на прсти можеа да се избројат спортските објекти во нашата земја денес по повеќегодишни инвестиции нема населени места во Македонија без спортски објекти. Од сите овие проекти  бенефит имаат сите општини, рече Спасески.

штип

Тој истакна дека АМС во општина Штип има инвестирано преку 74 милиони денари, од кои покрај ова игралиште изградени се фудбалско игралиште, две повеќенаменски игралишта и големата спортска сала „Јордан Мијалков“.

– Покрај ова тениско игралиште веќе е започната изградба и на друг тениски терен. Тоа е начинот на кој работи оваа Влада, а кој се базира на програма креирана од предлози и сугестии на сите граѓани.Така работевме досега, така  ќе продолжиме и во иднина, рече Спасески.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев кој истакна дека општината посветува големо внимание на развојот на спротот, а само минатата година за таа сфера издвоени се 500 илјади евра.

Тој најави дека оваа година општината за обнова на сите спортски терени во основните и подрачните училишта ќе издвои 200 илајди евра, а со поддршка на Владата и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој  општината ќе добие 20 километри локални асфалтирани патишта.

– Оваа година очекуваме да се изградат 40 километри велосипедски патеки и патеки за релаксација, а истовремено ќе ги поврзиме и сите наши села, рече градоначалникот Захариев.

Целта на сите овие инвестиици и вложувања е изградба на Штип како модерен, современ и кохезивен центар во Источна Македонија, нагласи Захариев.

 

 
 
22.01.2016 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега