Хорор: Мртво новороденче пронајдено под кауч

 

Хорор во Зајечар, Србија мајка осомничена, мртво новороденче најдено под каучот

Новороденчето кое не давало знаци на живот пронајдено е мртво синоќа во Зајечар, а двесет годишната мајка е осомничена за усмртување на бебето. Од непознати информации, таа во осмиот месец од бременоста се породила, а по породувањето, има сомнежи дека бебето го замотала во ќебе и го скрила под креветот во својата соба. 

Случајот е откриен кога мајката по обилно крварење e примена во Зајачарски здраствен центар, а телото на бебето е пронајдено од страна на мајката на осомничената.  Мајката поради обилното крварење била во тешка ситуација и животно загрозена, но нејзината состојба е стабилизирана. 

Мајката раскажа дека се породила, но дека не го убила своето бебе. Полицијата ја започна истрагата, а телото на бебето е пратено на обдукција каде треба да се утврди причината за смртта, дали станува збор за чедоморство.

 

 

 

 
 
22.01.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега