Бекам сака кралското бебе да го носи неговото име
Поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам се впушти во шпекулации околу името на кралското бебе и ги советуваше Вилијам и Кејт да му го дадат името Дејвид на бебето.
- Вилијам и Кејт ќе бидат сјајни родители и тоа затоа што се прекрасни кон децата. Вилијам од младо момче израсна во неверојатен џентламен, а тоа е одлична карактеристика за татко. Дејвид е добро име ако биде момче, се пошегува фудбалерот.