Како 86-годишна баба од Србија стана милионерка?

 

Во едно планинско село кај Бољевец во трошна куќа која само што не се урнала, живее М.З (86). Таа едвај преживувала од нејзината пензија, а сега станала милионерка, пишува „Новости“.

Старицата која живее од 10.000 динари пензија, пред Нова година, на сметка и легнале речиси милион австралиски долари кои ги наследила од покојниот маж, а исто така наследила и неколку милиони во недвижнини кои се наоѓаат во Австралија.

Сопругот на М.З. починал во 2011 година, а жената со која живеел во Австралија починала пред него. Деца немале, па властите во Австралија почнале да бараат можни наследници и по неколку години ја пронашле М.З.

Жената е прогласена за единствен наследник и веднаш и е уплатен целиот износ кој нејзиниот сопруг ги имал во една банка во Австралија.

М.З. и покрај се’, останала да живее во трошна куќа, тешко пристапна за други.

 
 
21.01.2016 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега