ВИДЕО: Тркач почина возејќи мотор со брзина од 485 километри на час

Американецот Бил Ворнер почина откако падна возејќи мотор со брзина од 485 километри на час.

Американецот се обиде да достигне брзина од 485 километри на час, но ја загуби контролата врз моторот и падна, а за жал лекарите кои веднаш пристигнаа на местото на настанот не успејаа да му го спасат животот на 44-годишниот Американец.

-Последната брзина која му ја измеривме беше 485км/ч. Веднаш потоа ја загуби контролата и падна. Ми беше пријател. Ова е голема трагедија за сите нас во тркачкиот свет, изјави директорот на трката Тим Кели.

Полицијата ја истражува смртта на тркачот.

најчитано сега