Силувал гризал и тепал 76 годишна баба - добил само три години затвор

 

Младо момче силувало и претепало старица од 76 години во Лозовник.

Деветнаесетгодишниот Живадин Живановиќ, на 1 ноември 2014 упаднал во куќата на 76-годишната Десанка  во Лозовник, па ѕверски се иживувал над неа. Избегал, и 5 дена се криел во една напуштена куќа. Му била изречена пресуда од само три години.

Јавното обвинителство во Јагодина го осудило на три години затвор Живадин Живановиќ, кој на 1 ноември ја претепал, изгризал, и силувал Десанка И. 

-Казната е срамна и минимална. Живадин на мојата мајка и нанесе страшни повреди. Мојата мајка е сеуште во страв. А и цело село се плаши кога манијакот ќе се врати во својата куќа, изјави ќерката на Десанка.

Адвокатот на Десанка, Милован Стојановиќ исто така оценил дека казната е преблага. Но судот одлучил дека тоа мора да биде така бидејќи е млад полнолетник и дека нема ни едно друго кривично дело.

 

 

 
 
20.01.2016 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега