Полицијата го приведе Кристијан Голубовиќ
Кристијан Голубовиќ, некогашното лошо момче, е уапсен во Краљево. Како што пишуваат денеска српските медиуми, криминалецот против кого се покренати голем број кривични пријави е уапсен во еден од неговите станови.
Обвинителството дало налог Кристијан да биде приведен и сослушан поради сите изјави за минатото кои ги даваше последниот период пред медиумите.
- Тамара Џуриќ е жива само бидејќи јас сакам тоа да е така и наредив никој да не ја чепка иако има валкан јазик, вели Кристијан.
Инаку, иако требаше да оди неодамна во притвор, некогашниот криминалец побара одлагање поради здравствени причини, а тоа е четврто одлагање за него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа