Повеќе скопски населби утре без струја

  

   Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека утре неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија.

Во период од 08:30 до 11:00 часот корисниците од улицата  Пеју Јаворовиќ во општина Кисела Вода, а во период од 09:30 до 15:30 корисниците од улицата Виетнамска во општина Шуто Оризари, улицата Шидска – дуќани Розмаер, Агротехна и 5 други во Ѓорче Петров и корисниците од селото Копаница во Сарај ќе бидат без електрична енергија.

ФОТО: Мтв

најчитано сега