ВИДЕО: Полскиот претседател удрен со јајце

 

Претседателот на Полска Бронислав Коморовски за време на посетата на Украина доживеа вистински шок откако едно момче успеа да го помине обезбедувањето и да го удри со јајце. Полицијата веднаш го приведе 21 годишното момче кое сега може да се соочи со тригодишна затворска казна за хулиганство. Во украинскиот град Луцк Коморовски присуствувал на миса во чест Полјаците,  жртви на украинската востаничка армија. Ваквиот напад се смета дека е реакција на минатонеделната одлука на полскиот парламент да ги прогласи за масакар нападите кои за време на  Втората светска војна ги извршила Украинската бунтовничка армија.

 

најчитано сега