ЕП Ракомет: Победа за Русија и бод за Словенија

Репрезентацијата на Русија оствари минимална победа над Унгарија на дуелот од второто коло одигран во Гдањск, додека Словенија во Вроцлав одигра нерешено со Шпанија. Русија со 27:26 ја совалда Унгарија и за нив ова е прв триумф на Европското првенство во ракомет. „Вардарците“ во дресот на Русија беа најефикасните во својата репрезентација – Тимур Дибиров постигна 6 голови, а Сергеј Горбок 5, додека кај Унгарија најпрецизен беше Имам Џамали со 6 голови. На вториот натпревар од Д групата од 20:15 часот играат Данска и Црна Гора.

Русија со денешната победа се изедначи со бројот на бодови со Данска и со Унгарија, Црна Гора е без бод.

Во групата Ц во Вроцлав Словенија и Шпанија одиграа нерешено 24:24. Ракометарите на Вардар во шпанската репрезентација Хорхе Македа постигна два гола, а Алекс Душебаев не постигна гол. Најефикасни на овој дуел беа Жулиен Агинагалде (Шпанија) и Лука Жвижеј (Словенија) со по шест голови без промашување.

На вториот дуел од групата од 20:30 часот играат Германија и Шведска.

На чело на табелата е Шпанија со 3 бода, пред Шведска со 2, Словенија има 1, а Германија е последна без бод.

 
 
18.01.2016 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега