300 мртви во поплавите во Кина

 

Поплавите кои што ја погодија Кина однесоа речиси 300 човечки животи. Незгодата која ја предизвика разорниот тајфун Сулик резултираше со поплави лизгање на земјиштата, а од поројните дождови кои непрекинато паѓаат од 7 јули настрадале 68 лица додека 179 се водат како исчезнати. 

Тамошните власти пренесуваат дека уште 41 лица се водата како исчезнати и во останатите делови на земјата. Тројца загинати се регистрирани во провонцијата Гуангдонг, откако низ тој дел помина тајфунот Сулик. 

Туристичките објекти во провинцијата Гуангси се затворени за гости, а менаџерите се уапсени, откако осум лица загинаа во налетот на вода, по попуштањето на една брана.

најчитано сега