5000 илегални Косовци во камповите во Унгарија

Во првите шест месеци од годинава во Унгарија илегално влегле над пет илјади Косовци. Повеќе од 250 од нив се во унгарските затвори, додека другите во кампови со ограничено движење, јави дописникот на МИА. 

Од први јули полицијата, откриените илегални Косовци диретно ги носи во затвор, врз основа на измените на законот, кој не дозволува нивно натамошно заминување во други држави на ЕУ.

Министерката за евоинтеграции на Косово, Влора Читаку деновиве им порача на граѓаните дека азилот повеќе не е опција и оти на граѓаните на Косово повеќе не им се дава азил во земјите на ЕУ, додавајќи дека азилот е непријател број еден за визната либерализација за Косово.

- Не наседнувајте на измамите на криминалните групи, доведувајќи го во опасност и вашиот живот, им порача Читаку на косовските граѓани.

Според косовскиот прв полицаец Бајрам Реџепи, она што им ја олеснува работата на косовските имигранти е фактот што тие низ Србија може да се движат само со лична карта и оти „патувањето и заминувањето до Унгарија е многу евтино“.

најчитано сега