По напорните натпревари Ѓоковиќ ужива во Дубровник

Новак Ѓоковиќ знае како да ужива во летото. По напорните натпревари тој најпрво ја посети родната Србија, а сега ќе летува во Дубровник.

Новак на социјалната мрежа Фејсбук објави и фотографии од тоа како вози трактор и ужива во родната Србија.

Сега, Ѓоковиќ отпатува во Дубровник за да го искористи и останатиот дел од летото. Тој ќе летува заедно со своите браќа и мајка си, како и неколку пријатели.