Курир: Чичаковски како слуга на Заев - по негов пример дава контрадикторни изјави

По урнек на партискиот лидер Зоран Заев, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, дава спротивни изјави демантирајќи се самиот себеси, пишува Курир.

Како што е познато, пред комесарот Хан тој во име на ДИК потврдил дека Државната изборна комисија е подготвена да ги преземе сите активности за прочистување на избирачкиот список и спроведување на фер и демократски избори.

Тој на средбите во Пржино за ова тврдење на ДИК ги информираше сите вклучени во преговорите и медиумите.

-Во четвртокот има контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите  во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија… можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам поттикнам сите да партиципираат на изборите, рече еврокомесарот Хан.

Само два дена подоцна, Чичаковски даде друга изјава која е спротивна на неговите претходни тврдења.

Тој за да ги одбрани тезите на неговиот партиски лидер Зоран Зев, дека треба да се одолговлекува процесот за СДСМ да не се соочи со граѓаните на избори, дава изјава во која вели дека избирачкиот список не може да се прочисти до 24 април.

-Во овој краток рок проверката на Избирачкиот список може да биде импровизација и со таква постапка ние нема да добиеме кредибилни избори, истакнува Чичаковски.

Чичаковски денеска срамно настапи надвор од своите службени овластувања кои ги има. Тој настапува во свое лично име и во име на лидерот на неговата партија, а не претставувајќи ја Државната изборна комисија, пренесе Курир.

 
 
17.01.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега