УКИМ ќе им отстапи 40.000 примероци од учебници на своите факултети и институти

Четириесет илјади примероци од учебници објавени со средства за издавачка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе им бидат отстапени на факултетите и институтите во состав на Универзитетот. Одлуката е донесена на последната, 172. седница на Скопскиот универзитет.

- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје исполнувајќи ја својата мисија континуирано ја развива и унапредува интегрирараната издавачка дејност преку создавање единствени правила, постапки и критериуми за издавање учебници и учебни помагала. На овој начин се презентира и афирмира творечкиот труд и научните достигнувања на кадровскиот потенцијал на УКИМ и се збогатува стручниот литературен фонд неопходен за студентите во текот на нивното студирање. Отстапувањето на учебниците на библиотеките на факултетите и институтите е без надоместок, информира УКИМ. 

ФОТОТ:Уким.еду

најчитано сега