Снегот не предизвика проблеми во сообраќајот во кумановско

Снегот што синоќа го зафати Куманово не предизвика проблеми во градот. Висината на снежната покривка во градот е незначителна,а регионалните и локалните патишта се проодни и чисти, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Снегот не предизвика проблеми ниту во соседните општини, Старо Нагоричане и Липково. Одговорното лице од општина Старо Нагоричане Дарко Митровски информираше дека снегот во оваа општина не предизвикал проблеми, но, сепак, како што рече, во текот на денот екипи од општината ќе ги посетат повисоките планински места.

Од ЈП „Македонија пат“-секција Куманово информираат дека магистралните и регионалните патишта во Куманово и соседните општини се проодни. Екипите во текот на вчерашниот ден и ноќта интервенирале и ги чистеле патиштата.

Раководителот Тихомир Алексовски информираше дека незначителни проблеми имало кај Павлешенци, каде поради ветерот и наносите од снег сообраќајот се одвивал отежнато, но без застој, по влажен коловоз.

Од општина Куманово информираат дека екипите на двете фирми кои се ангажирани од општината во текот на ноќта ги чистеле улиците и булеварите во градот.

 
 
17.01.2016 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега