Пожар во магацин на „Сковин“

Во Полициската станица Неготино вчера било пријавено дека во петокот околу 14:00 часот во деловните објекти со магацински простор на „Сковин“- винарска визба Скопје, лоцирани на локалниот пат кон село Курија на местото Лопово, од засега непознати причини избувнал пожар.

Од пожарот, како што соопшти МВР, биле опожарени и изгорени земјоделски машини, како и дел од кровната конструкција на објектот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување.

 
 
17.01.2016 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега