Денешен: Загрозена сигурноста на вработените во МТСП

Крајно нестручно и несовесно работење од страна на техничката министерка Фросина Ременски. Покрај хаосот којшто го предизвика во Центрите за социјална работа со незаконското разрешување на директори и именува членови на СДСМ за в.д директори, Ременски ги остави вработените во Министерството за труд и социјална политика, вработените во 30 центри за социјални работи и 9 јавни установи како и корисниците згрижени во институции под капата на министерството без  осигурување. Неосигуран е целиот  движен и недвижен имот, како и сите моторни возила на министерството  во 2016 година, пишува Денешен.мк.

Според  извори на порталот, јавната набавка за осигурување на движен и недвижен имот, лица и моторни возила за 2016 година чекала на  потпис кај техничката министерка од 23-ти ноември 2015 а истата била потпишана од нејзина страна дури на 21-ти декември, што претставува преседан и смислена опструкција во задоцнување од околу еден месец иако јавната набавка за избор на осигурителна компанија преку која ќе се осигура имотот на министерството била потготвена еден месец претходно.

-Со ваквата постапка Фросина Ременски  остави без  осигурување и подложи на опасност 2448 луѓе вработени во министерството, центрите за социјална работи и јавни установи како и 566 корисника сместени во јавните установи и целиот движен и недвижен имот на министерството, иако за таа намена од Буџетот на министерството било издвоено 4.000.000 денари. Конкретно тоа значи дека во моментов не постои осигурување на имот, осигурување од пожар, поплава и други ризици,  осигурување од земјотрес, осигурување од провала, кражба и разбојништво, осигурување на процесори, електрични сметачи и слични уреди,  осигурување од незгода, осигурување на вработените во министерството за труд и социјална политика при повреда, несреќен случај, незгода,  каско осигурување на  возилата во сопственост на министерството, пишува Денешен.мк.

Јавноста навикна Фросина Ременски ништо да не прави во однос на проектите за граѓаните, но да се експериментира со безбедноста на вработените и министерството, веќе не е политика ни партиска директива туку неетично, непрофесионално и нечовечко однесување. Министерот кој треба да се грижи за работничките права и безбедноста на работниците во државата, ги подложува своите вработени на несигурностиопасност.

Дали техничката министерка е спремна да сноси за одговорност доколку се случи некоја несреќа? Ќе проработи ли нејзината совест за дечињата од Домот за деца без родители, штитениците во Специјален завод Демир Капија, доенчињата во Домот во Битола?

Министерството во голема мера последниве два месеца е парализирано. Освен закани за разрешувања и притисоци нема никаква иницијатива. До сега, Ременски арогантно ги игнорира сите факти за нејзиното работење, не чувствувајќи никаква потреба да и одговори на јавноста.

 
 
17.01.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега