Голема трагедија во семејството на Селин Дион - по сопругот го загуби и својот брат

Само два дена по смртта на нејзиниот сопруг Рене Анжели, познатата канадска пејачка Селин Дион остана и без нејзиниот брат.

Како што јавија канадските медиуми, 59-годишен Даниел Дион починал вчера, по долготрајна борба против ракот. 

Даниел беше осмото од 14-те деца на семејството Дион. 

Инаку, Анжели, кој исто така почина од рак, ќе биде погребан на 22 јануари во базликата „Нотр Дам“ во Монтерал, каде тој се венча со Селин во 1994 година.

Датумот на погребот на Даниел Дион не е соопштен.

 
 
17.01.2016 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега