ВИДЕО: Пилот направи анимација за падот на боингот во Сан Франциско

Поранешен американски пилот на Боинг, Џек Суцошки, направи анимација за тоа како паднал боингот во Сан Франциско при што животот го загубија две лица.

Пилотот направи прецизна анимација на која е прикажано како требало да изгледа летот на боингот и како навистина изгледал поради што дошло до уривање.

Реалистичното видео тој го објави на Јутјуб.

Инаку, според последните информации околу несреќата во Сан Франциско, најверојатно пилотот бил заслепен со ласер па затоа и загубил контрола над леталото.

најчитано сега