Воинот и коњот пеат потивко и со скратено работно време- станарите се жалеле на бучава

 

Музиката која доаѓа од фонтаната „Победа“ на плоштадот „Македонија“ е намалена и завршува порано по барање на станарите од околните згради, јавува весникот Вечер.

Одлуката по барање на граѓаните ја донесе општина Центар. Сега последното музичко шоу на фонтаната е во 22:30.

Од неодамна пак, освен од фонтаната Победа, музика се слуша и од фонтаните на Карпошово востание. Од општина Центар информираа дека инсталирањето на техниката за пуштање музика од овие фонтани веќе е завршено.

најчитано сега