ФОТО: Заев преку Саше Политико му испрати порака на Хан

Голема е нервозата и разочарувањето во опозициските редови по вчерашниот срам кој Заев и го приреди на својата партија. Опозициските експоненти рано утрово добиле насоки од раководството на Бихаќка да се оди со директна дискредитација на Јоханес Хан и навреди кон него.
За таа порака на Заев очекувано задолжен бил Саше Политико. 

Дека на бродот на СДСМ веќе одамна не се гледа палубата потврдуваат и луѓе кои се дел од самата партија.
Ивор Мицковски на Facebook, го обвини раководството на СДСМ дека го уништило опозиционерството

Press24 веќе објави дека и членови на самото раководството на СДСМ вчера му ставиле јасно на знаење на лидерот на партијата дека ја одвел во комплетна меѓународна изолација.

„Поради неговата погрешна и неодлучна политика партијата сега е во комплетна меѓународна изолација. Од многуте ветувања добивме ситуација по која веќе нема да можеме да влеземе во ниту една странска амбасада. Веќе не е ни важно кога ќе се одржат изборите бидејќи по ова вчера, на сите во партијата им е јасно каков ќе биде исходот“ – вели висок партиски функционер.

 
 
16.01.2016 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега