ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Половина Македонија во портокалова фаза - доаѓа половина метар снег

Утринава низ земјава е сеуште дождливо. Умерен дожд утринава е забележан во Крива Паланка, Охрид, Битола и Демир Капија,а на останатите места врне слаб дожд. Снег утринава УХМР забележа на Маврово, Пожаране и Лазарополе.

 

Засега температурата сеупте е со врендонти генерално во дијапазоните од 1°С до 4°С низ поголем дел од населените места.

 

Се очекува доцна претпладнево врнежите постепено да преминуваат во снежни, прво на повисоките места во северниот крај, потоа низ котлините во овој регион. Попладне снегот ќе се спушти и на југ, со то што најдоцна се очеква снег во југоисточниот крај.

 

Температурата нема да ги надмине вредностите постигнати утринава. Таа ќе има тренд на постепено опаѓање.

 

Врнежите ќе се интензивираат попладне и во текот на вечерта, прво во јужниот регион, а потоа и во северниот. Истите ќе продолжат во текот на ноќта и утре претпладне, од кога ќе почнат да слабеат.

 

Реално е да се очекува снежна покривка околу 20 сантиметри низ котлините, а на планините и повеќе од 50 сантиметри. Најголема акумулација на снег од овој бран врнежи би требало да има на Кожуф.

 

Европската метеоролошка станица издаде предупредување од портокалова фаза за снежни врнежи во половина Македонија

 
 
16.01.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега