Сноуден предложен да биде добитник на Нобеловата награда за мир

Членот на шведската Кралска академија на науки и професор по социологија на универзитетот во Јумео, Стефан Свалфош, испрати писмо до Норвешкиот нобелов институт, во кое го предлага Едвард Сноуден за Нобелова награда за мир, пренесе британското радио Би-Би-Си.

Во писмото се наведува дека „херојските напори на Сноуден, што тој ги презел на своја штета, фрлаат нова светлина врз големината на шпионската активност што САД ја изведувале“.

-Благодарение на смелоста на Сноуден нашиот свет стана подобар и побезбеден, подвлекува Свалфош и додава дека САД го обвинуваат Сноуден за шпионажа, а за него е прогласена меѓународна потерница. Неговите шанси да го добие ова признание се мали, но сепак морал да годостави овој предлог.

Доколку следната година Сноуден ја добие Нобеловата награда за мир, тој ќе биде најмладиот носител на ова престижно признание во неговата историја.

најчитано сега