Раскол во СДСМ: Заев ни ја однесе партијата во изолација

Вистински раскол на Бихаќка по вчерашното фијаско на Зоран Заев во преговорите за целосна реализација на Договорот од Пржино. Партиски извори потврдуваат дека дел од раководството но и истакнати функционери на партијата кои порано раководеле со неа остро реагирале на однесувањето на Зоран Заев.

„Поради неговата погрешна и неодлучна политика партијата сега е во комплетна меѓународна изолација. Од многуте ветувања добивме ситуација по која веќе нема да можеме да влеземе во ниту една странска амбасада. Веќе не е ни важно кога ќе се одржат изборите бидејќи по ова вчера, на сите во партијата им е јасно каков ќе биде исходот“ – вели висок партиски функционер кој инсистира на анонимност.

 

Истиот функционер вели дека членството е дополнително демотивирано и дека се очекува поразот на изборите за да може Заев да си замине од партијата и да и остави простор да се реструктуира и да почне од почеток.

Лидерот на СДСМ вчера се загубил на преговорите во Пржино. Учесници во преговорите велат дека делувал многу чудно и дека во неколку наврати меѓународниот фактор морал да му се обраќа со висок тон и недипломатски речник за да го врати во реалноста. 

 
 
16.01.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега