Фишер: Црна Гора нема да влезе во ЕУ до 2020 година

Амбасадорот на Германија во Подгорица Пиус Фишер денеска изјави дека Црна Гора, најверојатно нема да стане полноправна членка на Европската унија (ЕУ) пред 2020 година, пренесе Танјуг.

-Колку ќе трае процесот на пристапување ќе зависи од самата Црна Гора. На Хрватска за тоа и требаа осум години. Ако е ова параметарот за Црна Гора, пристапувањето би можело да потрае најмалку до 2020 година или нешто подолго, наведе Фишер.

Европската комисија претходно соопшти дека резултатите во преговарачките поглавја 23 и 24, што се однесуваат на правосудството и владеењето на правото, се клучни за натамошниот напредок на Црна Гора во европските интеграции.

Подгорица преговорите со ЕУ ги почна на 29 јуни минатата година, кога во Брисел се одржа првата Меѓувладина конференција меѓу Црна Гора и ЕУ. На оваа меѓувладина конференција и претходеше позитивната одлука на Европскиот совет за отворањена пристапните преговори со Црна Гора. 

најчитано сега