Денеска се слави Свети пророк Малахиј: Само едно негово пророштво сеуште не е исполнето

Свети пророк Малахиј е еден од 12-те мали пророци. Неговата книга е последна од книгите на Стариот завет. Пророкувал по враќањето на Евреите од вавилонското ропство, при крајот на петтиот век пред Христа.

Легендата кажува дека овој пророк, 500 години пред доаѓањето на Исус, го предвидел доаѓањето на Јован Крстител.

Сепак, најпознатото пророштво на светиот Милахиј е тоа за страшниот суд - казна која ќе ги снајде сите оние кои нема да живеат според божјите закони и заповеди. Ова пророштво е единствено кое не се остварило.

 
 
16.01.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега