Старица тешко повредена во пожар во Скопје

Старица тешко повредена во пожар кој избувна вчера во Пензионерски Дом во Скопје.

Од засега непознати причини вчера попладне околу 18,15 часот на улицата „Ангел Димовски“  избувнал пожар, во кој тешко е повредена е 83 - годишната З.М. 

Старицата веднаш била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, но поради сериозноста на нејзината здравствена состојба била препратена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Пожарот е изгаснат од противпожарните екипи, а полицијата работи за целосоно расчистување на случајот.

 

 
 
16.01.2016 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега