Уапсен маж кој го фотографирал домот на Џон Кери

 

Бостонската полиција уапси маж кој ја фотографирал куќата на американскиот државен секретар Џон Кери додека во неговиот автомобил била пронајдена воздушна пушка. 

Вработените од обезбедувањето на Стејт департментот ја известиле полицијата дека во зоната забранета за паркирање запрел автомобил, а мажот во него го снимал домот на Џон Кери.  Мажот му појаснил на обезбедувањето дека правел фотографии со цел да им ги покаже на пријателите. 

За време на инцидентот Кери не бил во домот, туку во болница, кај неговата сопруга, која пред една недела била хоспитализирана и е во критична состојба.

Инаку, во автомобилот на мажот е пронајден и алкохол.