Нетанјаху: Иранскиот претседател е волк во овча кожа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел може да преземе пред САД воени дејствија против иранската нуклеарна програма. Тој во својот говор го нарече  новиот ирански претседател Хасан Рохани „волк во овча кожа“.

 - Ние сме поблиску до Иран. Ние сме позасегнати. И затоа можеби ќе треба пред САД да преземеме мерки против Иран, рече Нетанјаху.

- Во Иран има нов претседател. Тој го критикува неговиот претходник дека бил волк во овча кожа. Но и неговата стратегија е да биде волк во овча кожа: да се смешка, додека произведува бомба, нагласи Нетанјаху. 

Тој додаде дека Иран се доближува до црвената линија.

најчитано сега