Сноуден знае многу детали за дејноста на Агенцијата за национална безбедност на САД

Едвард Сноуден располага со „многу детални описи“ за дејноста на американската Агенција за национална безбедност, изјави новинарот на британскиот весник „Гардијан“ Глен Гринолд.

Сноуден има „буквално илјадници документи“, кои сведочат за тоа како е создадена Агенцијата, додаде Гринолд кој смета дека националната безбедност на САД би била во опасност доколку се објават тајните документи, но според него евентуалните откритија би можеле да и наштетат на американската Влада.

најчитано сега