Протести во Турција за поддршка на екс-претседателот на Египет Морси

Илјадници луѓе  излегоа на простести во Истанбул за поддршка на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси.

Демонстрантите, кои беа организирани од страна на исламистичката Партија на среќата, скандираа „Ние сме на твоја страна Морси“ и „Ние сите сме муслимани, ние сите сме браќа“.

Тие го исвиркаа новиот прв човек на Египет, врховниот командант на вооружените сили генерал Абдел Фатах ас Сиси.

Премиерот на Турција  Реџеп Таип Ердоган, кој е близок со Морси, вчера му ја изрази својата безрезервна поддршка. Тој го оцени соборувањето од власт на својот политички сојузник на 3 јули како државен удар.

најчитано сега