„Алкалоид“ се закити со награда за општествена одговорност

 

„Алкалоид“ доби прва награда за севкупна посветеност кон општествената одговорност од страна на Центарот за институционален развој.

Воведувањето корпоративен весник „Здравјето пред сe“, од страна на „Алкалоид“, како метод со кој се унапредува и модернизира интерната комуникација во компанијата, стипендирањето на студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при УКИМ од страна на Фондација „Трајче Мукаетов“, акцијата „Биди ми пријател“ во соработка со Здружението за борба против рак „Борка - За секој нов ден“ и средствата одвоени за опремување на одделот за детска онкологија при Клиничкиот центар во Скопје, добивањето Интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и континуираното вложување во едукација и развој на вработените, соопштија од компанијата се она ја донесе наградата на Алкалоид.

ЦИРа и минатата година, на петтиот јубилеј од своето постоење, му додели  две награди на „Алкалоид“, и тоа во категориите Однос кон вработени и Однос кон животната средина. 

најчитано сега