Млада Британка почина при обид да го преплива Ла Манш

Триесет и четири годишна Британка почина синоќа при обид да го преплива протокот Ла Манш.

Жената била придружувана од 10-метарскиот англиски брод „Патфајндер“, кој испратил сигнал за тревога и побарал дефибрилатор. Француските спасувачки служби испратиле хеликоптер на воената морнарица, кој ја пренел во болницата во Булон-сур-Мер, каде таа починала.

Температурата на водата била 15 степени Целзиусови.