Денеска е Василица: Еве што треба да зготвите во домот
Освен што денеска е првиот ден од новата година по јулијанскиот календар, се слави и Свети Василиј. Еве што треба да зготвите денеска.
СОСТОЈКИ:
20 грама квасец
1/2 кафени лажички шеќер
1 килограм брашно
1 лажичка сол
500 милилитри топла вода
50 милилитри масло
Ставете го квасецот да стаса, со пола лажичка шеќер, брашно и вода. Додајте сол, и месете додека не добиете тесто. Оставете го да нарасне и по половина час премесетего. Избодете ја површината со вилушка и оставете ја Василица да одмара. Печете на 220 степени 40 минути.
14.01.2016 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа