Проверете дали утре ќе останете без струја

Утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Центар, Илинден, Чаир и Ѓорче Петров. 

Во периодот 08.30 до 13.00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од село Мршевци, како и корисниците од село Бујковци и Телеком во општина Илинден,  од 9.00 до 11.00 часот, ќе бидат корисниците од улиците „Диме Аницин“, „Роза Луксембург“, „Васил Антевски“ и „9 – ти Мај“ во општина Центар, од 9.00 до 14.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од реонот на Саат Кула во општина Чаир, од 9.00 до 15.00 часот корисниците од ул. „Загребска“во општина Центар и од 11.00 до 13.00 часот улиците: 89, 91, 100 и 101 во село Волково, општина Ѓорче Петров.

 
 
14.01.2016 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега