36-годишна мајка пиела по 40 лименки пиво дневно: И се случило ова

Беверли Пикорер имала само 36 години кога починала од цироза на црниот дроб. Неколку месеци пред смртта, нејзиниот живот бил вистински пекол.
Била неподвижна, измачена од епилептични напади, имала цироза на црниот дроб, уста полна со скапани заби, а изгледала и како да е една деценија постара од нејзините реални години.
Набрзо го изгубила видот и неможела да зборува. Алкохолизмот потполно го опустошил нејзиното тело.
Земајќи го во предвид тоа дека црниот дроб го обработува она што го јадеме и пиеме, го внесуваме како енергија на телото, како и ги отстранува штетните материи од крвта, тоа е орган без кој не можеме.
Нејзината приказна ги илустрира трагичните последици кои алкохолизмот може да ги нанесе на еден човек. Тешко е да се замисли дали некој би избрал да пие толку со што целосно би се донел во таква состојба и да се соочи со смртта.
Според американската фондација за црн дроб, помеѓу 10 и 20 отсто од алкохоличарите добиваат цироза.

Залудните биле нејзини зборови дека ќе престане да пие и ќе почне да се грижи за своето семејство. Порокот ја уништил, а нејзиното четврто дете и го земале, бидејќи не можела да се грижи за него.
Во август 2014 Беверли, починала од цироза на црниот дроб. Ова е трагедија која можела да се спречи. Таа буквално самата се испила до смрт.
12.01.2016 - 11:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа