Имајте кристално бели заби за само 7 дена со оваа ефтина состојка
Колку пати стоматологот ви кажал дека треба да прекинете да пушите или да го намалите количеството на кафе во денот, но вие повторно си терате по свое. Ако баш немате сила се уште да прекинете со тие лоши навики обидете со оваа смеса која може сами да ја направите и која не ја оштетува забната глеѓ но ги избелува забите.
По само седум дена резултатите ќе видат и повеќе од видливи. Тоа што треба да го сторите е :
Земете малку прав од куркума (околу ¼ лажица за кафе). Четката за заби која претходно сте ја навлажниле со вода наросете ја со куркума и четкајте ги забите на вообичаен начин. Но по четкањето, не ја плакнете веднаш устата туку оставете ја оваа паста 3-5 минути. За ова кусо време куркума ќе ги стори своите чуда.
По тоа време темелно се плакне устата и се отстрануваат и најситните зрнца на куркума кои останале меѓу забите. Резултатот е видлив веќе по првиот пат. Но, доколку не сте задоволни повторувајте ја постапката секојдневно.
Куркумата не само што делува како природен антисептик и избелувач на забите таа е и природен антибиотик, ги лекува раничките и ситните пукнатини, воспалените процеси во усната шуплина и помага кај крварење на десните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа