Викендов привремен сообраќаен режим на улицата „Св. Кирил и Методиј“

 

Поради изведување градежни активности, изведба на атмосферска, фекална и водоводна мрежа во две фази на улицата „Св. Кирил и Методиј“, поранешна „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ викендов на оваа делница ќе има привремен сообраќаен режим.

Во првата фаза ќе се затворат десните две сообраќајни ленти и сообраќајот ќе биде пренасочен на третата сообраќајна лента, која ќе остане слободна, а во втората фаза ќе се затворат двете крајни леви сообраќајни ленти, а сообраќајот ќе се одвива по десната сообраќајна лента. 

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај.

најчитано сега