Дел од Центар утре без вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 9:00 до 15:00 часот ќе има на дел од ул. „Орце Николов“ на потегот од Охридска Банка до поранешна Стокована Куќа во општина Центар.

Како што соопшти РЦУК Скопје прекинот во водоснабдувањето е  поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник ф-125 мм на ул.„Орце Николов“ пред Комерцијална Банка.

 
 
11.01.2016 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега