Пресврт во случајот со убиството на синот на новинарот на МТВ во Скопската чаршија

Весникот Коха повикувајќи се на полициски извори објави дека двајца жители на Чаир од кои едниот малолетен сами се пријавиле дека со нож го нападнале 19-годишниот Леарт Адеми на 3-ти јануари. Адеми веднаш по донесувањето во градската болница им подлегна на трите убодни рани во срце и во стомак. Полицијата и обвинителството првично за инцидентот го гонеа 19-годишниот Ардит Аме и му поднесоа кривична пријава за тешки телесни повреди со смртни последици.

Според Коха двајцата се предале на полицијата и потврдиле дека се напаѓачи на убиениот Адеми и неговиот другар. Двајцата биле нападнати на улица Ресенска (во близина на ресторанот Бизнис и градинката во Чаир) вечерта на трети јануари.

Нападнатиот другар на убиениот тврдел дека напаѓачот е член на навивачката група Шверцери и во станица извршил препознавање на приведениот Ардит Аме. Тој и неговите блиски тврделе дека Аме нема никаква врска со смртта на врсникот Адеми.

 

Коха објавува дека грешката при препознавањето најверојатно е поради огромната сличност на уапсениот Аме со еден од извршителите кои сега се приведени. Сведокот поради физичката сличност тврдел дека убиец е Аме. По препознавањето на Ардит Аме му е одреден 30-дневен притвор.

 
 
11.01.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега