Младо момче преживеа драма по полноќ во Скопје

24-годишниот Н.Ј. од Тетово со привремен престој во Скопје, пријавил дека 15 минути по полноќ на улицата „Гемиџиска“, од страна на Н.Ј. извршено му било разбојништво, при што му се одземени мобилен телефон и патничко моторно возило „Југо“. Имено, Н.Ј. претходно му ги одзел клучевите од возилото при што му рекол дека откако неговата сестра ќе му ги врати парите кои му ги должи, ќе му ги врати мобилниот телефон и возилото, при што ги ставил телефонот и клучевите во јакната и од десниот џеб извадил нож кој го отворил со сечивото и му кажал дека е решен да ги задржи телефонот и возилото. 

Полицијата работи на случајот.

 
 
10.01.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега