Два автомобили излетаа од македонските патишта, возачите тешко повредени

Двајца возачи се тешко повредени во две оделни сообраќајни несреќи кои се случиле вчера на автопатот Скопје-Куманово и Скопје-Велес.

Во првата несреќа која се случила околу 10:45 часот на автопатот Скопје-Велес во близина на клучка Хиподром, автомобил  „Мазда“ управуван од 62 годишниот Б.Р. излетал и удрил во дрво и заштитна жичена ограда.

Возачот заработил тешки повреди, додека неговиот сопатник А.Р.(35) се здобил со полесни повреди.

На автопат Скопје-Куманово околу 16 часот од коловозот со „Алфа Ромео“ излетал 22 годишниот К.М., кој исто така е тешко повреден откако удрил во дрво и заштитна жичана ограда.

Повредените се пренесени во болница, а полициски екипи извршиле увид на местото на несреќите.

 
 
07.01.2016 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега